full screen background image
Search

ЛУДИЛО: Ford Mustang Mach-E 1400 е електрична дрифт машина со 1400 коњски сили!

Инженерите од Ford и RTR одлучија да ги најдат лимитите на новиот, електричен Mustang Mach-E – и резултат на тоа е луда дрифт машина со 1400 коњски сили!

Е вака се приближуваат електричните возила до авто-ентузијастите! Инженерите на Ford и RTR го извлекле максимумот од Ford Mustang Mach-E и резултатот на тоа е лудиот, Mustang Mach-E 1400 – кој благодарение на батеријата со капацитет од 56.8 kWh и моќните електромотори располага со – погодувате – 1400 коњски сили!

Погонот има три мотори на предните тркала и четири мотори на задните, а сето тоа е поврзано со напреден систем кој му овозможува на возачот да избере дали сака да поставува брзи времиња на тркачка патека, или пак да се впушти во дрифт-авантури!

Екстензивно-модифицираната каросерија овозможува врвни аеро-перформанси и дури 1043 килограми потисна сила при 258 километри на час – што пак гарантира врвна стабилност. За сопирањето се задолжени Brembo сопирачки, а вградена и е хидраулична рачна кочница за полесен дрифт.

Vaughn Gittin Jr. – основачот на RTR и професионален возачк изјави дека „седнувањето зад воланот на овој автомобил ми ја измени перцепцијата за тоа што може да се смета за моќ и вртежен момент“. Mustang Mach-E 1400 е резултат на 10.000 работни часови соработка меѓу Ford Performance и RTR, и според Ford е тестна платформа за автомобили кои во иднината ќе се најдат во салоните на Ford.

Може, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.