Porsche 911 4×4 подготвен за рели? Зошто да не! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 911 4×4 подготвен за рели? Зошто да не!

Тјунерите од баварската компанија Delta4x4 подготвија нешто навистина несекојдневно – Porsche 911 подготвен за Дакар!

Приказната е следна – еден ден, инженерите од Delta4x4 добиле повик од локален германски бизнисмен кој побарал Porsche 911 кој ќе може да го вози од Германија до Дакар. Предизвикот е прифатен, а основата е неговата „чичка нова“ 911 Carrera 4S – која веќе доаѓа со погон на сите четири тркала.

Сега за сега имаме само 3Д-визуелизации од тоа како ќе изгледа финалниот продукт, но едноставно мораме да се согласиме дека ова изгледа како навистина интересен проект. На „фотографиите“ можеме да видиме дополнителни предни светла, кровни носачи, пошироки крила во кои се сместени тркала обвиени во теренски пневматици, а најавено е дека шасијата на теренскиот 911 ќе биде дополнително зајакната и дека автомобилот ќе биде одвоен од подлогата цели 250 милиметри.

Како што рековме, ова се само најави за финалниот продукт кој според Delta4x4 ќе биде покажан следната година. Ваков сличен проект неодамна покажаа и инженерите од RUF со нивниот RUF Rodeo 911 Concept.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.