ПРЕМИЕРА: Škoda го претстави студентскиот проект – Scala Spider кој го носи името Slavia! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Škoda го претстави студентскиот проект – Scala Spider кој го носи името Slavia!

Студентите во училиштето на Škoda ги прават најдобрите „семинарски“! Oвој пат, тие ја направија Slavia – спајдер-изведба на новата Škoda Scala!

Несекојдневниот спајдер влече инпсирација од Škoda 1100 OHC, додека името е соодвнето прославување на годишнината на компанијата основана во 1895-тата година. Всушност, првите велосипеди кои ги направила фабриката на Václav Laurin и Václav Klement се викале токму – Slavia! Концептот на Škoda имал само 1.1-литарски бензински мотор со четири цилиндри, но во зависност од менувачот, можел да постигне 190 или 200 километри на час!

Инаку, Slavia е целосно дело на студентите од училиштето на Škoda – од првите скици, па сè до финалниот уникатен продукт, студентите го завршиле секој чекор самите, но со поддршка од инструкторите и експертите на Škoda за дизајн, технички развој и производство. Ова е седмиот Škoda Student Car проект од 2014 па наваму и всушност претставува вистински пример за високиот стандард на обуки во училиштето на Škoda во Mladá Boleslav.

На овој проект работеа дури 31 студент и ја одбраа Scala за да го направат нивниот автомобил од соништата – компактниот хечбек да го претворат во спортски спајдер. Како што можеме да видиме, преработките се екстензивни – кровот веќе го нема, Slavia е двосед со уникатен заден дел и агресивен спојлер.

Задолжен за задвижување на Škoda Slavia е 1.5-литарски TSI турбо-бензинец кој испорачува 150 коњски сили, а силата се пренесува кон предните тркала преку DSG менувач со двојна спојка. Škoda Slavia е поставена на огромни, 20-инчни тркала кои доаѓаат од големиот Kodiaq RS, додека системот за сопирање и уште некои делови доаѓаат од Octavia RS.

Поврзано:   ТЕСТ: Škoda Enyaq Coupé 85 Sportline - Добро-позната, но сосем поинаква Škoda!

Кабината добива (искрено, прекрасни) Sparco спортски седишта, моќен аудио-уред, а во задниот дел се поставени два Škoda електрични тротинети, кои се практично и еко-прифатливо решение за кратки патувања.

Студентски проект за мерак, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.