full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на горивата се намалуваат!

По неколку последователни зголемувања, цените на бензините и дизелот конечно малку се намалуваат!

Во согласност со светските влијанија на цените на нафтените деривати, методологијата која РКЕ ја користи за пресметката на цените на горивата, како и намалениот износ на дополнителната акцизата за безоловните бензини (која се намалува од 3 на 2 денари), малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1.61%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 1.50 денари за литар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 60.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 62.00 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 0.50 денари, и еден литар дизел ќе чини 53.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.