Во своето излагање пред акционерите на Daimler, Ola Källenius потврди интересна – и важна – бројка за EQS електричниот седан.
Новиот знаменосец на Mercedes-Benz – најновата генерација на S-Class – ќе дебитира во Септември, а во сличен термин се очекува да биде прикажан и електричниот EQS. Сепак, Ola Källenius изјави дека EQS не е базиран на S-Class, туку од самиот почеток е замислен и развиен да биде електричен автомобил. И исто како и концептот кој беше покажан минатата година, и серискиот автомобил ќе може да помине повеќе од 700 километри со едно полнење на батериите.
Кога сме веќе кај батериите – Mercedes-Benz ќе ги произведува батериите во фабриката на Daimler во Штутгарт. Естимацијата за автономија на големиот, електричен луксузен седан е во согласност со новите, построги мерења според WLTP стандардите.
Со дебито на EQS, се очекува Mercedes-Benz ја да преземе круната од Tesla за електрично возило со најголема автономија. Во моментов Tesla Model S Long Range може да помине 61- километри со едно полнење според WLTP мерењата.
Забелешка: На насловната фотографија е концептот Mercedes-Benz Vision EQS.