Mercedes-Benz ја покажува иднината на електричниот луксуз со Vison EQS – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz ја покажува иднината на електричниот луксуз со Vison EQS

Ако некој го разбира луксузот, тоа е Mercedes-Benz – и токму со новиот Vision EQS германскиот бренд ја покажува својата визија за електричен луксузен седан.

Заборавете ги разно-разните SUV модели – вистинското наследство на Mercedes-Benz доаѓа од комфорните луксузни седани – и се радуваме што Mercedes-Benz конечно ја претстави својата визија токму за ваков автомобил.

Името на новиот концепт – Vision EQS – означува нешто многу важно. EQ е ознаката за електричните и електрифицирани модели на Mercedes-Benz, а S означува S-Class – односно стандардот за опулизам и луксуз по кој се водат сите други брендови. Токму затоа EQS е особено важен – бидејќи сакале другите да признаат или не, токму EQS ќе го постави стандардот за голем, комфорен, електричен луксузен седан.

Vision EQS е целосно-електричен – користи батерија со капацитет од 100 kWh, за вкупна моќност од 470 коњски сили. Според официјалните податоци забрзува до 100 километри на час за помалку од 4.5 секунди и постигнува максимална брзина која е нешто повисока од 200 километри на час. Дополнително, од Mercedes-Benz кажуваат дека има импресивна автономија од 700 километри.

Секако, дизајнот е „концептски“ – но можеме да препознаеме детали кои се карактеристични за брендот – и во нашите очи, ова е дизајн кој може да биде навистина блиску до сериско производство. Заменете ги супер-концептските светлосни групи на задниот дел со нешто „понормално“ – и сте навистина блиску до серискиот автомобил. Но сепак – тие 229 светлечки ѕвезди на задниот дел се особено интересни – а ништо помалку импресивни не се ни 188-те индивидуални LED диоди на предниот дел.

Поврзано:   Tјунинг студиото Manhart го изработи моделот V 350

Кабината е базирана врз луксузните јахти, а кокпитот е замислен да биде како бродска палуба – и навистина, така некако и изгледа. Користени се врвни материјали, а концептот добива и супер-напредни технологии.

Ако е ова иднината на луксузните електрични седани – тогаш иднината треба побрзо да пристигне.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.