Audi AI:Trail е визија за автономно теренско возило од иднината – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi AI:Trail е визија за автономно теренско возило од иднината

Визијата на Audi за теренско возило со автоматизирано возило доаѓа во форма на електричниот AI:TRAIL.

Ако концептот на Audi ви наликува на возило кое би се служело за истражување на други планети – не сте единствени. Новиот AI:Trail ја продолжува приказната на AI концептите кои ги покажа Audiи всушност претставува електричен теренец со напредни можности за автоматизирано возење.

Концептот користи четири електромотори – по еден на секое тркало – за вкупна, системска моќност од 435 коњски сили и скоро неверојатни 1000 Nm вртежен момент. Супер-напредниот систем може да ги контролира сите мотори поединечно – а тоа го прави AI:Trail да биде навистина компетентен кога ќе го напуштите асфалтот. Дополнително, од Audi кажуваат дека AI:Trail може да помине меѓу 400 и 500 километри на асфалтирани патишта, односно до 250 километри доколку го напуштите асфалтот.

AI:Trail им нуди на возачот и патниците идеална прегледност благодарение на отворениот пристап кон каросеријата и големите проѕирни површини. Дополнително, во кабината нема конвенционални инструменти, туку возачот го поставува својот мобилен телефон во управувачот и тој се користи за приказ на информации. Но можеби најдобрата „финта“ кај AI:Trail е дека нема конвенционални предни светла – наместо нив има пет дронови во кои се вградени Matrix LED елементи – и возачот може да ги постави каде сака. Дури, ако сака може да ги пушти да летаат пред возилото и да го осветлат патот, или пак да пренесуваат директно видео кон дисплејот на мобилниот телефон на возачот преку вградените камери.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.