AutomotiveINNOVATIONS извештајот кој го издава Center of Automotive Management му даде навистина интересно признание на електричниот Porsche Taycan, кој е прогласен за најиновативен автомобил во светот.
Кај новиот Taycan има дури 27 различни иновативни развојни решенија, па токму првото целосно-електрично Porsche е прогласено за водач на иновациите на глобалниот автомобилски пазар. Дури 13 од овие решенија за прв пат се јавуваат токму во Taycan, според заклучоците од AutomotiveINNOVATIONS извештајот од CAM.
Научниците кои се дел од CAM ги истакнуваат 800-волтната архитектура на Taycan, двобрзинскиот менувач поставен на задната оска, моќниот систем за рекуперација на енергијата, како и најдобрата вредност за аеродинамичност во сегментот од само 0.22 Cd. Електричниот Porsche Taycan веќе пристигна и кај нас – погледнете ја нашата видео-обиколка!
Инаку, Center of Automotive Management (CAM) е независен научен институт кој се занимава со стратешки консалтинг и истражување на автомобилите и мобилноста. Овој институт е дел од Универзитетот за Применети Науки во Bergisch Gladbach и од 2005 се занимава со анализирање на иновативноста на производителите на автомобили ширум светот. Интересно е дека институтот соработува со PricewaterhouseCoopers и заедно ги откриваат истакнатите иновации во нивните годишни награди. За оваа година беа евалуирани околу 250 возила, а токму титулата за најиновативен автомобил ја зема електричниот Porsche Taycan.
Честитки до Porsche!