Jeep го претстави Wrangler Rubicon Concept 392 со V8 и 450 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jeep го претстави Wrangler Rubicon Concept 392 со V8 и 450 коњски сили!

Jeep се подготвува да ги оствари желбите на купувачите – новиот концепт е всушност директна најава за Wrangler Rubicon со 6.4-литарски V8!

„Фановите на Jeep гласно бараа Wrangler со V8 – и новиот Wrangler Rubicon 392 Concept е јасна индикација дека таа желба наскоро можеби ќе се оствари“ – кажуваат од Jeep. Нивната не-баш-суптилна најава е за Wrangler кој под големиот поклопец крие 6.4-литарски V8 кој испорачува 450 коњски сили и 610 Nm вртежен момент – значително повеќе од максимумот кој досега се нудеше во Wrangler, односно 3.6-литарски V6 со 285 коњски сили и 353 Nm вртежен момент.

Интересно е дека досега Jeep кажуваше дека V8 најверојатно нема да биде возможен во Wrangler поради големината на моторот, односно просторот кој е потребен за тој да биде сместен. Сепак, инженерите на Jeep „си ја завршиле домашната“, па концептот не само што добива голем V8, добива и 8-брзински автоматски менувач, редуктор и – секако – погон на сите четири тркала. Ние имавме можност самите да се увериме во талентите на Jeep Wrangler Rubicon и неговиот V6 минатата година на Camp Jeep во Италија, и сигурни сме дека со V8 ќе биде уште покомпетентен!

Инаку, од Jeep кажуваат дека Wrangler опремен со 6.4-литарскиот HEMI V8 забрзува до 100 километри на час за помалку од 5 секунди, а ќе добие и надградени оски, моќни диференцијали со заклучување, уште повисока и понапредна суспензија, како и 17-инчни тркала со 34-инчни гуми за врвни теренски перформанси. Како што оди „народната“ – кога е бал..



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.