Mazda 3 добива турбо-бензинец со 230 коњски сили, но и погон на сите четири тркала! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda 3 добива турбо-бензинец со 230 коњски сили, но и погон на сите четири тркала!

Иако претставувањето на моторот се случи во Мексико, сепак гласините дека Mazda овој мотор ќе го понуди и во Европа се сè погласни.

Фановите на Mazda бараат верзија на новата „Тројка“ со помоќен мотор. Во моментов Mazda 3 се нуди со 2-литарски атмосферски бензинец кој нуди 120 или 150 коњски сили, како и со иновативниот SKYACTIV-X мотор кој нуди 180 коњски сили. Дизелската понуда се состои од само еден, 1.8-литарски турбодизел кој нуди 116 коњски сили. Па затоа, фановите на брзите хот хеч модели сакаат уште помоќен мотор.

И одговорот доаѓа од… Мексико? Навистина интересната конфигурација која беше претставена во Мексико користи 2.5-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри кој испорачува 230 коњски сили и моќни 420 Nm вртежен момент. Силата се испорачува кон сите четири тркала, а достапен е само Skyactive автоматски менувач со шест брзини.

Сега за сега нема официјални информации околу перформансите, но претпоставуваме дека со коњските сили и сиот тој вртежен момент, како и погонот на сите четири тркала – Mazda 3 Turbo ќе може да се пофали со одлични бројки.

Ајде Mazda, донесете ја и во Европа! А во меѓувреме, додека чекате, можете да го погледнете го нашиот тест на новата Mazda 3!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.