Вечерно Кино: BMW го тестира новиот M3 на Nürburgring! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: BMW го тестира новиот M3 на Nürburgring!

Новите BMW M3 и M4 ќе бидат претставени во Септември, но BMW веќе ги најавува спортските седан и купе!

Погледнете како новиот M3 поминува низ завршните фази на тестирање и развој, и тоа токму на легендарниот Nürburgring Nordschleife. На видеото го гледаме и Christian Flessa – одговорниот за возна динамика во BMW M – кој не само што ни објаснува како се одвива развојот, туку ни кажува дека новиот спортски седан стандардно ќе доаѓа со погон на предните тркала, а достапна ќе биде и xDrive M варијанта со погон на сите четири тркала.

Новите M3 и M4 ќе користат 3-литарски M TwinPower Turbo шест-цилиндерски бензинец кој ќе нуди 480, односно 510 коњски сили (во Competition) изведба. Ќе може да се добие со мануелен менувач (најверојатно кај верзиите со погон на задните тркала) или пак со 8-брзински M Steptronic автоматски менувач.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.