Suzuki го претстави новиот плаг-ин хибриден Across – кој всушност е Toyota Rav4! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Suzuki го претстави новиот плаг-ин хибриден Across – кој всушност е Toyota Rav4!

Suzuki и Toyota најавија соработка која ќе резултира со неколку ребрендирани модели – а првиот кој е директен плод на таа соработка е новиот Suzuki Across.

Пристапот е прилично едноставен – земете ја Toyota RAV4 Plug-In Hybrid и направете малку козметички измени. И тоа е тоа – автомобилите се механички идентични. Под поклопецот се крие истиот, докажан 2.5-литарски четири-цилиндерски атмосферски бензинец кој соработува со батерија со капацитет од 18.1 kWh, како и два електромотори – едниот со 180, другиот со 54 коњски сили. Вкупната, системска моќност е нешто повеќе од 300 коњски сили.

Нема скоро никакви измени ниту во кабината – ќе забележите неколку изменети значки, управувач со поинаков дизајн, дискретно редизајнирани инструменти и – повторно – тоа е тоа. Централно-поставениот мултимедијален уред доаѓа со MirrorLink поддршка, како и Apple CarPlay и Android Auto.

Според Suzuki, напредниот плаг-ин хибриден погон треба да овозможи до 75 километри на електрична енергија, како и екстремно ниска емисија на штетни гасови од само 22 грама CO2 на изминат километар.

Suzuki потврди дека Across ќе биде лансиран на европскиот пазар оваа есен. Цените не се потврдени, но претпоставуваме дека нема да бидат премногу различни од цените на RAV4. А во тој случај…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.