Audi ги претстави S-изведбите на e-Tron и е-Tron Sportback – првите возила во сериско производство кои користат три електромотори.
Audi e-Tron S и e-tron Sportback S користат три мотори – по два на задната оска и еден на предната оска. Дел од погонот е и батерија со капацитет од 95 kWh, а резултат на сето тоа е системска моќност од 503 коњски сили и вртежен момент од 973 Nm. Перформанси? Забрзување до 100 километри на час за 4.5 секунди и максимални 209 километри на час.
Батеријата – која како што рековме, е со капацитет од 95 kWh (и достапен капацитет, поради природата на батериите и гарантираната долготрајност од 86 kWh) – овозможува автономија од 359 километри кај e-Tron S, односно 363 километри кај e-Tron Sportback S. Ова се резултати од прелиминарните тестирања според WLTP стандардите.
Инаку, при регуларно возење, обете верзии примарно ги користат моторите на задната оска. Кога системот ќе препознае потреба, тогаш се активира и моторот на предната оска. Секој од задните мотори е задолжен за по едно тркало и директно ја пренесува силата кон тркалото. Интересно е дека спортското нагодување на системот гарантира повеќе вртежен момент кон задните тркала – а тоа значи и значително поспортско управување. Спортските модели добиваат и поголеми сопирачки.
Спортските e-Tron S и e-Tron Sportback S ќе ги препознаете и преку нагласените спортски детали. Каросериите се пошироки за по 50 милиметри, а добиваат и поагресивни браници, динамични предни решетки, големи задни дифузери и уште неколку додатоци. Секако, добиваат и огромни тркала, како суспензија која иако е воздушна (и нуди прилагодување на вистината до 73 милиметри) е нагодена да биде поцврста. А колку се големи тркалата? 21 или 22-инчни.
Нарачките ќе бидат отворени ова лето.