full screen background image
Search

Регулаторна: Горивата поскапуваат по еден денар.

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто објави дека цените на горивата се згоелмуваат за по еден денар.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.96%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за по еден денар. Соодветно на тоа, еден литар 95-октански бензин ќе чини 60.50 денари, еден литар 98-октански бензин ќе чини 62.50 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 52 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.