Ford официјално ги лансираше лајт-хибридните погони кај Focus! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford официјално ги лансираше лајт-хибридните погони кај Focus!

Ford официјално ги претстави лајт-хибридните погони наменети за Fiesta и Focus минатата година – и сега се веќе официјално достапни кај моделите на Синиот Овал.

Инженерите од Ford се особено горди на новите системи – како што видовме „на лице место“ на Go Further настанот на Ford минатата година, навистина многу ресурси се инвестирани во развој на овие хибридни погонски единици. Хибридниот погон комбинира 1-литарски EcoBoost турбо-бензинец кој испорачува 125 или 155 коњски сили и 48-волтна лајт-хибридна технологија.

Стартер/генераторот е погонуван од ремен, а тоа овозможува зачувување на енергијата која би се губела при сопирање или возење „во лер“ во 48-волтна литиум-јонска батерија. Дополнително, овој BISG систем може да го помага и работењето на моторот, преку обезбедување на дополнителен вртежен момент во нормално, секојдневно возење и при забрзување.

Што значи сето ова? Според официјалните мерења, Ford Focus опремен со 155-коњската верзија на овој погон може да троши само 5.1 литар бензин на 100 изминати километри (според строгите WLTP стандарди), и да има емисија на CO2 од само 115 грама на изминат километар.

Секако, во понудата остануваат и постоечките турбо-бензински и турбодизел мотори кои Ford веќе ги нуди во Focus.

Дополнително, од Ford се пофалија дека Focus добива и нов, 12.3-инчен, целосно-прилагодлив LCD дисплеј пред возачот и уште некои други нови технологии.

Ние неодамна го возевме Ford Focus Active опремен со одличниот 1.5-литарски EcoBoost со 150 коњски сили, а минатата година го возевме и моќниот Focus RS со 2.3-литарски EcoBoost со 280 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.