Учествувајте во Black Chili и возете супер-спортски автомобили во Франција! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Учествувајте во Black Chili и возете супер-спортски автомобили во Франција!

Дали сакате да ги остварите своите автомобилски соништа? Black Chili Driving Experience ви нуди уникатна шанса да доживеете четири незаборавни денови во кои ќе уживате не само во возењето спортски автомобили по живописните предели на Прованса – туку и во тамошните престижни хотели и бутик-ресторани!

Кога за прв пат ќе го зграпчите управувачот на супер спортскиот автомобил, кога во кривина ќе ги почувствувате силите што ви ја зовриваат крвта во вените и имате чувство дека морници ве лазат – тогаш ќе ја дознаете тајната на спортското возење и значењето на врвните пневматици.

Black Chili е „тајниот зачин“ на Continental, смесата која придонесува за уште подобри резултати и уште подобро прилепување на пневматиците за коловозот. Со помош на бројни истражувања, иновации и долготраен развој, воведувањето на Black Chili значително ги подобри управувањето и способноста за сопирање на летните пневматици со високи перформанси (UHP и uUHP) и истовремено го намали отпорот при тркалање, поради што пневматиците се поиздржливи и при секојдневна употреба. Ние и самите имавме можност да се увериме во ова, кога во 2018 учествуваме токму на Black Chili возењето во Франција.

Пневматиците SportContact 6, PremiumContact 6, ContiSportContact 5P и ContiSportContact 5 се монтирани на автомобилите кои ќе имате можност да ги возите на настанот Black Chili Driving Experience, а се особено погодни за спортски автомобили, теренски возила, како и за врвните електрични автомобили. Сите автомобили кои се дел од настанот – Jaguar I-Pace, Ford Mustang, Porsche Boxster 718, Mercedes C43 AMG, Audi RS3 и BMW M240i – оригинално се опремени со Continental пневматици, што значи дека се изработени во тесна соработка со автомобилските производители.

Речиси секој трет нов автомобил што е произведен во Европа, фабрички е опремен со Continental пневматици. Continental не е само производител на пневматици, туку околу 75% од своето целокупно глобално работење го врши како снабдувач со автомобилски делови. Затоа и не изненадува фактот што повеќето нови автомобили се опремени со широкиот спектар на останатите производи што ги произведува Continental, како што се амортизација, сопирачки и други безбедносни системи (ABS, ESP, AEB итн.), поврзаност, забавно-медиумски решенија и дури мали, но значајни работи, како што се, на пример, млазниците за миење на фаровите.

Како да се победи и да се отпатува во Франција*?

За да ја прослави својата водечка улога во автомобилската индустрија и во индустријата за пневматици, Continental ќе ги однесе среќните добитници на настанот Black Chili Driving Experience. Од најдобрите сто натпреварувачи во секоја земја учесничка ќе избереме победник, кој ќе може на настанот да поведе уште една личност по свој избор.

За повеќе информации и за да учествувате во квизот, посетете ја www.blackchili.mk.

*Настанот ќе се одржи во Oктомври оваа година, или на пролет следната година, а при организирањето ќе се почитуваат сите здравствени ограничувања и препораки.

Дополнителна награда за сите учесници во квизот

Сите кои успешно ќе го завршат квизот на www.blackchili.mk, ќе добијат посебна поволност која ќе може да ја искористат при купувањето на Continental пневматици во продажните места на Мотоцентар и овластените дилери ширум нашата земја. Можете да учествувате и да освоите ваучер за попуст до 30-ти Јуни, а ваучерот можете да го искористите до 31-ви Октомври.

Оние кои ќе купат нови гуми кај овластениот увозник и дистрибутер за пневматиците на Continental во Македонија – Мотоцентар – добиваат специјален Black Chili приврзок со код, кој ќе им помогне да добијат повеќе поени во квизот!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.