Новиот Mercedes-Benz GLA пристигна во салонот на Мак Аутостар – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Mercedes-Benz GLA пристигна во салонот на Мак Аутостар

Новата, втора генерација на компактниот SUV на Mercedes-Benz пристигна и во Македонија.

Новиот GLA ги дели гените со новата A-Class, како и CLA и GLB – но нуди SUV пристап во едно компактно, интересно, скоро купеовско издание. Во однос на минатата генерација, новиот GLA е цели 10-тина сантиметри повисок, а со тоа ослободува повеќе простор во кабината – но и покрај „нараснатите“ димензии, GLA може да се пофали со коефициент на аеродинамичност од 0.28 Cd.

GLA сега нуди и многу новитети – од LED Multibeam предни светла со специјална функција за осветлување при off-road возење, па сè до системите за асистенција во возењето, разно-разни системи за предупредување и безбедност, DISTRONIC функциите, активниот темпомат, итн. Кабината добива два екрани од седум инчи, комбинација од екран од 7 и 10.25 инчи, или пак два екрани со дијагонала од 10.25 инчи, како и веќе добро-познатиот MBUX интерфејс.

Новиот GLA може да се добие со неколку различни мотори, како и со погон на предните или 4Matic погон на сите четири тркала и со Dynamic Select систем со неколку различни режими на возење – Eco/Comfort, Sport или Off-Road. Во понудата ќе ги најдете бензинскиот GLA 200 кој користи 1.33-литарски турбо-бензинец кој испорачува 163 коњски сили, како и скалило помоќниот GLA250 кој располага со 225 коњски сили благодарение на 2-литарскиот турбо бензинец и кој може да се добие со погон на предните или на сите четири тркала. Сите верзии стандардно добиваат автоматски менувач.

Доколку сакате турбодизел, на располагање се GLA200 со 150 коњски сили и GLA 220 со 190 коњски сили. Обете верзии добиваат 8G-DCT автоматски менувач со двојна спојка и обете верзии можат да се добијат со погон на предните или на сите четири тркала. Понатаму ќе бидат достапни и плаг-ин хибрид, како и електричен EQA модел.

За повеќе информации за новиот Mercedes-Benz GLA, посетете го салонот на Mercedes-Benz во рамките на Мак Аутостар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.