Новата Mokka го покажува идното лице на Opel – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Mokka го покажува идното лице на Opel

Opel со скица го најавува ликот на новата Mokka – со која всушност ќе го видиме идното лице на Opel!

Новата Opel Mokka ќе биде првиот модел што ќе го покаже новото лице на германскиот бренд. Тимот околу потпретседателот на Opel Design – Марк Адамс – создаде нов, непогрешлив преден дел – Opel Vizor. Како кацига за целото лице, заштитниот визир кој органски ги интегрира решетките, фаровите и логото на марката во еден единствен модул го прекрива новиот лик на Opel.

Инспирацијата за ова дизајнерско решение доаѓа од првата генерација на Opel Manta, а за новата Mokka дизајнерите буквално ја редизајнираа решетката на Manta со двојни модули на светла врамени со тенка хромирана лента. Изгледа чисто и прецизно, и совршено се совпаѓа со  новата Mokka која ќе има само висококвалитетни LED светла, како и најновата генерација на предните светла на IntelliLux LED® матрикс светла. Opel Vizor ќе стане белег на сите модели на Opel во текот на 2020-тите со идеја за понатамошно групирање на врвни технологии.

„За нас беше многу важно да создадеме ново ново лице за марката, што е точно за нашата идна филозофија на дизајнирање да биде и смело и чисто. Нашиот нов Vizor што го има своето деби во следната генерација на Mokka е многу јасен и карактеристичен, додека му е верен на својот германски корен на формата што ја следи функцијата. Нема потреба од класична решетка во електричните автомобили како Mokka, така што Vizor создава беспрекорна интеграција на идното осветлување и другите технологии, сите во високо-технолошка заштитна површина“ – објасни Марк Адамс.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.