full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Škoda ја претстави робустната Scout изведба на новата Octavia

Најновата генерација на Octavia тукушто ја доби својата Scout изведба – која е наменета за оние кои сакаат со својот автомобил да се впуштат во авантури надвор од асфалтот.

По претставувањето на Octavia и спортски-хибридната Octavia RS iV, Škoda продолжува да ја проширува понудата на својот најпопуларен модел. Octavia Scout е базирана врз караванската изведба на регуларната Octavia, но со колку значителни измени. Прво, добива ревидирана суспензија која е 15 милиметри повисока во однос на стандардниот модел, а добива и заштитни пластични панели околу целиот автомобил, како и заштита под автомобилот. Секако, дел од опремата е и погонот на сите четири тркала а познавачите на Škoda ќе препознаат и редизајнирани предни и задни браници, кровни носачи, 18 или 19-инчни тркала, LED светла за магла и специјални Scout значки.

Новата Octavia Scout ќе може да се добие со нов, 2-литарски TDI EVO турбодизел кој испорачува моќни 200 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Ова е најмоќниот дизел кој некогаш се нудел во Octavia и стандардно ќе доаѓа со погон на сите четири тркала. Со овој мотор, Octavia Scout може да влече приколка која тежи до 2000 килограми.

Во понудата ќе најдете и 2-литарски TDI со 115 или 150 коњски сили, или пак e-Tec бензински хибрид кој комбинира 1.5-литарски TSI со лајт-хибридни технологии, односно регуларен 1.5 TSI со 150 коњски сили. Можете да нарачате и 2-литарски TSI турбо-бензинец кој испорачува 200 коњски сили. Во зависност од одбраниот мотор, ќе можете да комбинирате мануелен или DSG автоматски менувач со седум брзини, и погон само на предните или на сите четири тркала.

Поврзано:   Електричниот Škoda Enyaq iV ќе дебитира на 1ви Септември!

Кабината добива уникатни ThermoFlux седишта, Scout значки, алуминиумски педали и уште неколку ситни детали. Понатамошни детали околу Octavia Scout се најавени за Јули.

Фотографии



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.