ПРЕМИЕРА: Škoda Octavia RS iV – Ова е одржливата, спортска иднина! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Škoda Octavia RS iV – Ова е одржливата, спортска иднина!

За прв пат во својата историја, Škoda ќе понуди плагин-хибриден RS модел – и тоа во форма на Octavia RS iV со 245 коњски сили!

Christian Strube, член на одборот на Škoda задолжен за технички развој изјави дека „со претставувањето на Octavia RS iV, започнуваме ново поглавје во успешната приказна на нашето RS портфолио. Го користиме плагин-хибридниот погон во спортски знаменосец за прв пат и со тоа нудиме подобри перформанси и намалена потрошувачка.“

Новата Škoda Octavia RS iV користи 1.4-литарски TSI турбо-бензинец кој испорачува 150 коњски сили, и го комбинира со електромотор со моќнот од 115 коњски сили. Вкупната, системска моќност е 245 коњски сили и максимален вртежен момент од 400 Nm, кои пак се пренесуваат кон предните тркала преку 6-брзински DSG менувач. Според WLTP мерењата, емисијата на штетни гасови е само 30 грама CO2 на изминат километар, и Octavia RS iV ќе може да помине околу 60 километри на електрична енергија.

Батеријата е со капацитет од 13 kWh, a во комбинација со електромоторот на располагање се 330 Nm вртежен момент „од нула.“ Кога ќе префрлите во Sport режим, каде сета технологија е ориентирана кон перформансите, ќе можете да забрзате до 100 километри на час за 7.3 секунди и да постигнете максимална брзина од 225 километри на час.

Инаку, Octavia RS iV ќе ја препознате по редизајнираните  браници со поголеми отвори за воздух, аеро-додатоците и поголемите тркала. Секако, тука се и неизбежните RS iV значки, а добива и заден дифузер и уште неколку други спортски детали. Кабината добива спортски седишта, спортски управувач, многу алкантара и многу детали во црвена боја. Секако, веднаш ќе бидат достапни две каросериски изведби – очекуваниот хечбек/седан и супер-практичниот караван.

Поврзано:  Пристигна освежената Škoda Octavia!

Во понудата понатаму ќе бидат додадени и конвенционални изведби на Octavia RS – се очекува 2-литарски TSI турбо-бензинец со околу 250 коњски сили, како и RS TDI со 2-литарски турбодизел со 200 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.