Дали Volkswagen размислува да го понуди кинескиот бренд Jetta и на други пазари? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дали Volkswagen размислува да го понуди кинескиот бренд Jetta и на други пазари?

JETTA брендот на Volkswagen постигна огромен успех во Кина – па неофицијално, Volkswagen размислува да ја зголеми понудата на својот буџет-ориентиран бренд.

Само осум месеци по претставувањето на брендот, JETTA има учество од околу еден процент на кинескиот пазар. Според Harald Muller – претседателот на Jetta брендот – ова се должи и во голем дел на побарувачката на автомобили од страна на млади, ценовно-чувствителни купувачи кои купуваат автомобили за да го избегнат јавниот транспорт по ситуацијата со коронавирусот во Кина. Дополнително, тој јавно додаде дека „успешниот старт очекувано изнуди интерес и од други пазари во светот на Volkswagen.“

Колку успешен старт? Само во Април, Jetta испорача 13.500 возила кон своите купувачи, а од Јануари до крајот на Април се продадени скоро 40.000 нови возила, односно вкупно околу 81.000 возила од лансирањето на брендот минатиот Септември. Растот на продажбата на Jetta е особено интересен, бидејќи продажбата на нови возила во Кина во однос на минатата година е намалена за 12%.

Во моментов Jetta нуди три различни модели – новиот VS7 SUV (претставен во Март), како и постоечките VS5 SUV и VA3 седан. За прв пат во историјата на Volkswagen, еден модел прераснува во засебен бренд, со засебна моделска фамилија. Од Volkswagen кажуваат дека Jetta настапува независно на пазарот, но со препознатлива блискост до светот на Volkswagen и дека успехот е директно базиран врз ДНК-та на Volkswagen – квалитет, безбедност, задржување на вредноста и јасен дизајнерски јазик. Сите автомобили се произведуваат во FAW-Volkswagen фабриката во Ченгду.

Со оглед на успехот на Jetta во Кина и глобалната побарувачка за буџет-ориентирани автомобили, воопшто не е изненадувачки што и други земји каде Volkswagen ги продава своите возила покажуваат интерес за новите модели.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.