ПРЕМИЕРА: Volkswagen Nivus доаѓа од јужна Америка, ќе се продава ширум светот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Volkswagen Nivus доаѓа од јужна Америка, ќе се продава ширум светот!

Nivus е развиен во Бразил и прво ќе се продава во јужна Америка – но Volkswagen веќе потврди дека најмалиот кросовер-купе кој го нуди ќе пристигне и во Европа во втората половина на 2021.

Новиот Nivus е всушност прилично модерен и напреден купе-кросовер. Nivus е поставен на MQB платформата – и всушност ја дели механичката основа со Polo. Иако е развиен во Бразил и прично ќе се нуди на тамошните пазари, Nivus е предвиден да се продава на повеќе пазари и да биде достапен со многу различни мотори. Volkswagen веќе потврди дека Nivus ќе пристигне во Европа во втората половина од следната година.

Дизајнот е навистина современ и интересен – ќе препознаете дизајнерски детали кои доаѓаат од Polo, но и од T-Roc и T-Cross. Nivus е подолг од T-Cross, но е поширок и понизок од компактниот кросовер на Volkswagen. Опаѓачката кровна линија ја истакнува купеовската форма, а добиваме и многу SUV дизајн елементи. Интересно, Nivus може да се пофали со навистина голем багажен простор со капацитет од 415 литри.

Кабината наликува на онаа кај новото Polo. На централната конзола доминира 10-инчен мултимедијален уред, а пред возачот може да биде поставен 10.25-инчен дигитален дисплеј за инструментите. Интересен новитет е VW Play мултимедијалниот систем развиен во Бразил, кој може да се пофали со извонредна поврзливост и можности за streaming на мултимедијални содржини. Сега за сега не се знае дали VW Play би се понудил и на други пазари.

Инаку, на самиот почеток, Volkswagen Nivus ќе се нуди со 1-литарски TSI турбо-бензинец со 115 коњски сили. Дополнително, бидејќи етанолот е распространето гориво на тие пазари, може се добие и со мотор прилагоден да вози на етанол – и во тој случај малиот 1-литарски TSI испорачува 128 коњски сили и 200 Nm вртежен момент. Nivus ќе се нуди само со DSG менувач со шест брзини и погон на предните тркала.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Освежениот Golf R има 333 коњски сили!

Деталите околу европската изведба на Nivus ќе бидат дополнително објавени, но не очекуваме новиот купе-кросовер да претрпи значителни измени, но понудата на погонски единици во Европа сигурно ќе биде проширена.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.