full screen background image
Search

Citroën C3 Aircross Rip Curl – За оние, авантуристите!

Citroën ја продолжува соработката со сурферскиот бренд Rip Curl со новиот C3 Aircross SUV Rip Curl.

Citroën C3 Aircross е еден од најпросторните и најмодуларни компактни SUV модели на пазарот, па токму затоа е еден од најзначајните модели на францускиот бренд. Со скоро 290.000 примероци продадени ширум европа, C3 Aircross очигледно ги привлекува купувачите. Токму затоа, Citroen ја продолжува соработката со производителот на сурферска опрема Rip Curl, токму преку C3 Aircross Rip Curl.

Соработката меѓу Citroën и Rip Curl е сосем природна, бидејќи и двата брендови целат да развијат високо-технолошки продукти кои се во насока на добросостојбата и уживањето. Токму затоа, нивните заденички врендости – креирањето, иновацијата и страста за авантурите – резултира со C3 Aircross Rip Curl. Базиран на Shine нивото на опрема, C3 Aircross Rip Curl веќе „од старт“ е богато опремен, а доаѓа и со „еден куп“ екстра додатоци – двобојна комбинација со Perla Nera црн кров, црни кровни носачи, како и црни предни и задни заштитни панели, специјални 16-инчни Matrix тркала, затемнети задни стакла и Rip Curl Ochre детали околу предните светла, на страничните ретровизори и околу централните капачиња на алуминиумските тркала.

Кабината добива специјална Rip Curl атмосфера благодарение на Terpa материјалот со бели шевови и специјални детали кои ја пренесуваат бојата од екстериерот и во ентериерот. Ќе добиете и специјални патосници, средишен наслон меѓу двете седишта и уште мал милион други ситници. Ќе добиете и автоматска клима, автоматски бришачи на ветробранското стакло, Citroen Connect NAV 3D на 7-инчен мултимедијален уред со TomTom навигација, поврзани дигитални услуги, Citroën Connect Box со SOS пакет, активно автоматско сопирање во град, електрика на предните и задните прозорци, паркинг асистент, лизгачка задна клупа…

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Citroën го претстави новиот C4, како и ëлектричниот ë-C4!

Нарачките ќе бидат отворени од 1ви Јуни.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.