Официјално деби на Nissan GT-R50 by Italdesign – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално деби на Nissan GT-R50 by Italdesign

Откако официјалната премиера на Nissan GT-R050 беше откажана поради состојбата со Ковид-19, спектакуларниот автомобил конечно го доживеа своето официјално деби – и ќе чини од 990.000 Евра!

Двете компании вчера официјално го покажаа новиот автомобил со уникатна каросерија. Неговото официјално (и целосно име) е Nissan GT-R50 by Italdesign, а локацијата која ја одбраа беше Tazio Nuvolari патеката во Италија – која всушност Italdesign ја користи за тестирање на сите свои автомобили. Мораме да признаеме дека иако Nissan GT-R50 нема да победи на натпревари за убавина, сепак изгледа навистина моќно и агресивно.

Првите примероци ќе им бидат испорачани на купувачите кон крајот на оваа, односно почетокот на следната година. Според она кое го кажуваат од Italdesign, интересот за возилото е огромен и веќе се направени голем број резервации.

„Ова е навистина значаен ден по тешкиот период низ кој сите ние поминуваме. Откако моравме да ја откажеме премиерата во Женева и откако моравме да го запреме производството поради Ковид-19, веќе сме 100% оперативни и можеме да потврдиме дека првите автомоили ќе бидат испорачани кон  купувачите како што беше планирано – на крајот на оваа година, како и на почетокот на следната.“ – изјави Jorg Astaloch, извршниот директор на Italdesign.

Автомобилот е навистина значителен како за Nissan, така и за Italdesign, бидејќи слави две значителни годишнини. Едната е 50 години GT-R, а другата е 50 години Italdesign. Славеничниот автомобил е базиран на 2020 GT-R Nismo, а тоа значи дека моќта ја добива од 3.8-литарски твин-турбо V6 кој е рачно-изработен и испорачува 720 коњски сили и 780 Nm вртежен момент. Силата ја испорачува кон сите четири тркала.

Поврзано:   Artisan ја објави лимитираната верзија на Nissan GT-R R35 со 1000 коњски сили!

Ќе бидат произведени само 50 примероци и повеќето се веќе резервирани. Ако сакате да резервирате – побрзајте! Цената за еден примерок започнува од 990.000 Евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.