Centro Stile Alfa Romeo подготви специјални комбинации на бои и обележја за Giulia GTA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Centro Stile Alfa Romeo подготви специјални комбинации на бои и обележја за Giulia GTA

Со желба да ја истакнат уникатната историја на брендот, дизајнерите од Centro Stile Alfa Romeo подготвија специјални комбинации на бои за новите Giulia GTA и GTAm.

Новите Giulia GTA и GTAm ги отвораат вратите кон целосно-уникатно клиентско искуство, а самите автомобили се проект кој е наменет за оние кои навистина уживаат во возењето. Токму затоа, Centro Stile Alfa Romeo подготви комбинации на бои, обележја и декоративни елементи за новите автомобили, со цел да ја истакне и одбележи легендарната историја на Alfa Romeo.

Како што веќе знаеме, 2.9-литарскиот би-турбо V6 е доработен за да испорачува 540 коњски сили, а автомобилите се „олеснети“ за импресивни 100 килограми. А оние среќни 500 купувачи кои ќе имаат можност да нарачаат примерок од овие автомобили (и на кои искрено и отворено им завидуваме) ќе можат дополнитело да го персонализираат својот автомобил.

Познавачите на брендот ќе препознаат интересни детали – на пример, добро-познатата „маска“ на предниот дел кој веднаш нè асоцира на тркачката историја на Alfa Romeo. Понатаму, тука се црвената и жолтата боја, линиите, незамемливите детали од логото на Alfa Romeo и многу, многу повеќе. Купувачите ќе можат да нарачаат било кој од овие детали, а ќе можат и да ги комбинираат. Купувачите ќе добијат и специјална обука за користење на автомобилот на тркачка патека, како и специјална покривка за автомобилот од Goodwool.

Покрај комбинациите на Centro Stile, Giulia GTA и GTAm ќе бидат достапни и во специјални бои – GTA Red, Trophy White и Montreal Green – бои кои оддаваат почит на италијанското знаме. Од денес е отворен специјален конфигуратор токму за Giulia GTA и GTAm, каде и самите ќе можете да направите некаква комбинација.

Поврзано:  Alfa Romeo го најави Junior Veloce со 280 коњски сили!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.