Volkswagen, Audi и Porsche ги продолжуваат гаранциите за три месеци. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen, Audi и Porsche ги продолжуваат гаранциите за три месеци.

Германците одлучија дека возилата чии гаранции истекуваат меѓу Март и Мај оваа година ќе добијат тромесечно продолжување на гарантниот рок.

Оваа одлука на Volkswagen групацијата е одговор на Covid-19 пандемијата, а се однесува на возила чии гаранции истекуваат меѓу 1ви Март и 31ви Мај оваа година. Продолжувањето е три месеци по оригиналниот истек на гаранцијата, односно најдоцна до 31ви Август оваа година. За Audi, продолжувањето е глобално и се однесува на возила произведени во Европа, Бразил, Мексико или Индија.

Volkswagen ќе ги продолжи гаранциите на сите возила произведени во Европа или за земјите во Европската Унија, а Porsche ќе ги продолжи гаранциите на сите возила глобално. Некои производители веќе направија вакви одлуки, кои ние ги поздравуваме бидејќи се одличен и лесен начин да им се помогне на клиентите кои поради пандемијата не можеле да го однесат своето возило на сервис или пак да направат некакво барање од официјалните сервиси.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.