full screen background image
Search

Вечерно Кликање: Интерактивна презентација на историјата на Citroën!

Францускиот бренд ја прославува својата 100-годишнина, а огромниот мултимедијален проект наречен Citroën Origins нуди одлична можност да ги разгледате скоро сите модели на Citroën, но и да дознаете повеќе за неговите историја, филозофија и шарм.

На фантастичната веб-страница која се вика едноставно Citroën Origins ќе можете да дознаете навистина многу. На пример, ќе можете да дознаете сè за André Citroën, но ќе можете да дознаете и за незаменливиот двоен шеврон на Citroën и да откриете од каде всушност потекнува.

Понатаму, ќе можете да ги истражите повеќето модели и концепти на Citroën – од Traction Avant – првиот автомобил со погон на предните тркала – па преку легендарниот DS21, сè до помодерните XM и Xantia и најновиот, супер-комфорен C5 Aircross, налудничавиот C4 Cactus и технолошки-напредниот Ami!

Ќе можете да погледнете и дел од спортската историја на Citroën и да откриете повеќе за WRC возилата на францускиот бренд, со кои стигнаа до врвни успеси на сите континенти..

Едноставно – ќе кажеме дека ова е одличен начин да се поминат неколку часови и да се открие што е можно повеќе за Citroën – и на крај, има и квиз за да го проверите вашето знаење. Со среќа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.