full screen background image
Search

Течниот Нафтен Гас (TNG) е број еден алтернативно гориво во ЕУ

Наспроти подобрувањето на ефикасноста и потрошувачката на гориво, емисијата на штетни гасови од транспортот сѐ уште има удел од една четвртина во вкупната емисија на стакленички гасови во Европа – поради што се наметнува неодложна потреба од решенија со ниска емисија на гасови кои ќе ја користат постоечката инфраструктура.

Течниот нафтен гас за возилата или Авто-ТНГ е број еден алтернативно гориво во Европската Унија. Во ЕУ, околу осум милиони возила користат ТНГ, а постојат над триесет и една илјада станици за точење. Авто-гасот е чист, безбеден, лесен за користење и широко достапен.

Емитува помалку CO2, но и многу помалку други полутанти – како што се NOх, а во многу држави е значително поевтин од останатите горива. Дополнително, конвертирањето на постојните возила е лесно и достапно за корисниците и претставува економски исплатливо решение за забрзување на намалувањето на емисијата на стакленички гасови од транспортот, се вели во извештајот „Визијата за Aвтогасот“ на Eвропската LPG Aсоцијација.

Пренамената на постојната флота возила на ТНГ може значително да помогне во остварување на целите на Европската Унија за декарбонизација и квалитетот на воздухот во градските средини, особено бидејќи електричните возила имаат удел од само еден процент во вкупниот број возила во Унијата, а проценките се дека ќе достигнат 20-30 проценти удел до 2030 година.

Авто ТНГ е чисто, евтино, ефикасно, безбедно и веднаш достапно решение. Според процените на патиштата во Европа има 250.000.000 возила и потребата за мобилност постојано се зголемува, додека над 95 проценти од постојните возила сѐ уште користат конвенционални горива – бензин или дизел-гориво. Во Европската Унија уделот на возила на алтернативен погон изнесува 4.1 процент од вкупната флота, односно околу 8 проценти удел во ново-регистрирани возила.

Извор: Макпетрол Инфо Поинт



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.