Toyota RAV4 се продаде во 10 милиони примероци! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota RAV4 се продаде во 10 милиони примероци!

Toyota своевремено со RAV4 го основаше сегментот за компактни, урбани SUV модели – и популарниот јапонски SUV го задржа статусот на интернационален бестселер.

На крајот на Февруари оваа година, RAV4 се придружи на листата на возила на Toyota кои се продадени во повеќе од 10.000.000 примероци. RAV4 е на пазарот од 1994 и тие 10 милиони примероци се продадени низ пет различни генерации.

Всушност, минатата година RAV4 беше најпродаваниот SUV на светот, но и четврт најпродаван автомобил воопшто. Најдобар пазар за RAV4 е Северна Америка, каде се продадоа половина милион примероци во 2019. Понатаму, 133.000 примероци отидоа во Европа, а во Кина дури 127.000.

На европскиот пазар продадени се повеќе од 2 милиони примероци од 1994 до сега. Оваа година, Toyota планира да ја зајакне понудата уште повеќе со новиот RAV4 Plug-In Hybrid, со кој големиот јапонски SUV ќе биде уште попривлечен за купувачите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.