full screen background image
Search

Audi RS6 добива уште повеќе сила и поспортски изглед од Mansory

Mansory припреми тјунинг пакет кој го прави новиот Audi RS6 уште посилен и поагресивен.

Германскиот тјунер го доработи 4.0-литарскиот твин-турбо V8 да испорачува 730 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент – што е значителна разлика во споредба со стандардните 600 коњски сили и 800 Nm. Компанијата не објави подетални информации од надградбите, покрај промената на новиот издувен систем со четири издувни цевки.

Благодарение на дополнителната сила, Mansory Audi RS6 сега може да забрза од место до 100 км/ч за само 3.2 секунди, или за 0.4 секунди побрзо од претходно.

Автомобилот изгледа многу „поопасно“ благодарение на новиот бодикит, кој содржи нов преден спојлер, редизајниран поклопец на моторот, странични прагови, заден дифузер и два спојлери – еден на задното ветробранско стакло и еден на кровот. Надворешните измени ги комплетираат новите 22-инчни лесни алуминиумски фелни, изработени со процес на ковање.

Кабината е уредена во ист стил како и екстериерот, па така доминираат црната боја со портокалови линии. Тука се забележуваат многу површини покриени со кожа и Алкантара, од седиштата, преку централната конзола, воланот и панелите на вратите.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.