Магазинот CarWow ги спореди силите на големите спортски седани од групацијата Volkswagen на авионска писта.
Иако се под иста групација, секој од трите модели е создаден по посебен рецепт:
- Најголемиот и најтешкиот од нив – Bentley Flying Spur како најлуксузен натпреварувач е погонуван од голем 6.0-литарски твин-турбо W12 агрегат со 635 кс и 900 Nm.
- Porsche Panamera Turbo S има хибридна конфигурација од 4.0-литарски твин-турбо V8 усогласен со електромотор и испорачува вкупно 680 кс и 850 Nm.
- Моделот на Audi е најспортски-ориентиран и го користи истиот мотор од Porsche Panamera, но ги нема хибридните компоненти. Како резултат на тоа, RS7 Sportback произведува 600 кс и 600 Nm – но затоа е најлесен натпреварувач.
Кој од овие три е победничкиот рецепт за најбрз автомобил? Откријте во видеото подолу!