full screen background image
Search

Регулаторна: Големо намалување на цените на горивата!

Регулаторната Комисија за Енергетика значително ги намали малопродажните цени на горивата.

Рекордното намалување на цените на горивата се должи на драстичниот пад на цените на нафтата на светските берзи. Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 14.54%.

Соодветно на тоа, цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 7.5 денари, додека цената на дизелот се намалува за 6.00 денари.

Соодветно на тоа, ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 54.5 денари, ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 56.5 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 48.5 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.