full screen background image
Search

Mansory Star Trooper Pickup е уникатен Mercedes-AMG G63 од Темната Страна

Тјунерската компанија Mansory редовно објавува нови проекти на саемот во Женева, а оваа година еден од изложените модели е Star Trooper Pickup, базиран на Mercedes-AMG G63.

Највпечатливата одлика на моделот е неговата форма на пикап со две врати и намалено меѓуоскино растојание. На екстериерот се забележуваат нови помасивни браници, редизајнирана предна решетка, изменет поклопец на моторот со издигнат отвор за вентилација и додатоци со отвори за вентилација над проширувањата на полумесеците.

Задниот дел каде што обично се наоѓаат задните патници е претворен во отворен багажен простор и има монтирано конструкција за зацврстување на структурата. Целиот автомобил е обоен во темна маскирна шара, со карбонски додатоци и црвени детали.

Ентериерот е исто така специфично дотеран со елементи во истата маскирна шара и црвени детали. Седиштата се уредени со опшивки во форма на саќе и имаат втиснати логоа на компанијата. На кровот е додадено црвено светлечко небо со шестоаголници во средина.

Силата извира од 4.0-литарски твин-турбо V6 агрегат со 850 кс и 1,000 Nm вртежен момент. Според Mansory, Star Trooper Pickup може да забрза од 0-100 км/ч за само 2.5 секунди. Производството ќе биде ограничено на само 7 примероци, кои ќе ги добијат најбрзите купувачи.

WORLDPREMIERE: MANSORY X PHILIPP PLEIN present the “Star Trooper Pickup" on the basis of the Mercedes-Benz G-Class. Only very few people will be able to enjoy this unique vehicle, the noble off-road vehicle is limited to only 7 conversions worldwide. Complete paint in Grey Camouflage, special Camouflage carbon fibre, power increase to 850PS and 1.000Nm, 0-100km/h in 3.5s. Link at Bio. @philippplein #mansory #startrooper #G63 #850ps #1000nm #v8 #limitededition #designer #couture #creative #power #pickup #camouflage #carbonfibre

Posted by MANSORY on Wednesday, 4 March 2020

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.