full screen background image
Search

РЕГУЛАТОРНА: Уште едно намалување на цените на горивата!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто објави – повторно се намалуваат цените на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметки на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 3.42%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 2.00 денари – и еден литар од овие горива ќе чини 62.00 односно 64.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.50 денари – и еден литар дизел гориво ќе чини 54.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат една седмица.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.