full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW најавува ново поглавје со контроверзниот Concept i4!

Со новиот i4 Concept, BMW ја воведува електрификацијата во сржта на рбрендот – динамичниот и елегантен дизајн ќе изнуди реакции, но перформансите нема да разочараат никого – 100 километри на час пристигнуваат за само 4 секунди!

Ајде веднаш да зборуваме за предниот дел – оној, забележителен, неизбежен преден дел со оние, контраверзните вертикални „бубрези“. Од BMW кажуваат дека забележителната маска е опиплива врска меѓу минатото и иднината на BMW и дека бидејќи веќе нема мотор со внатрешно согорување на кој му е потребно ладење, затворенат маска на ладилникот сега се користи како „интелигентен панел“ кој всушност е дом за различните сензори.

Дизајнот е супер-контраверзен и супер-модерен, со остри, чисти линии каде аеродинамиката го има главниот збор. Секако, концептските пропорции и детали нема да бидат идентични кај серискиот модел но мораме да признаеме дека дизајнот – и покрај контроверзноста – изгледа приметливо.

Инаку, погонот е навистина за почит – според официјалните податоци може да помине до 600 километри со едно полнење (и тоа според WLTP мерењата), нуди 530 коњски сили, спринт до 100 километри на час за 4 секунди и максимална брзина која е „повисока од 200 километри на час.“

Во кабината, фокусот е на најважните детали и посветено е внимание на минималистичкиот пристап. Двата засебни дисплеи се заменети со еден, изработен од закривено стакло и во него се поставени и мултимедијалниот уред и инстурментите за возачот. Дополнително, со цел да ја истакне емотивната привлечност на моделот, BMW во соработка со легендарниот Hans Zimmer го лансира BMW IconicSounds Electric и разви звуци наменети за секој од профилите – Core, Sport и Efficient.

Поврзано:   Протекоа првите фотографии од новите BMW M3 и M4!

Ова е иднината на BMW. Како ви изгледа?

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.