Утринска Гимнастика: Peugeot 208 – 2 не е само број! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Peugeot 208 – 2 не е само број!

Peugeot објави видео во кое не потсеќа како започна успешната приказна на моделот со ознака 2.

Видеото започнува со забавниот спортски компакт 205 GTi, кој веднаш беше признаен како најзабавен автомобил во класата. Неговата приказна ја продолжи рели легендата 205 T16 со освојување на две титули од Светскиот Рели Шампионат, а неговиот наследник 206 беше најпродаваниот модел во историјата на брендот. Моделите 207 и претходниот 208 не се спомнати, бидејќи видеото ги опфаќа само моделите од кои новиот Peugeot 208 бил директно инспириран.

Погледнете го краткото видео и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.