Cupra ги претстави бензинската и електричната тркачка верзија од Leon – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Cupra ги претстави бензинската и електричната тркачка верзија од Leon

Кратко по претставувањето на новиот Cupra Leon, спортскиот бренд ги претстави моделите Leon Competicion и Leon e-Racer.

Првиот од нив, претставен во кафено-сина шара е моделот Competicion, кој е специјално подготвен според стандардите на Серијата TCR, a e погонуван од 2-литарскиот турбо-бензински агрегат засилен на 340 коњски сили и 410 Nm вртежен момент. Тоа го прави способен да постигне забрзување од 0-100 км/ч за 4.5 секунди кон максималната брзина од 260 км/ч.

Неговата шасија е подготвена за тркање и има многу можности за прилагодување. На предната оска користи MacPherson амортизери, а на задната се наоѓа мулти-линк конфигурација со прилагодлива висина, наклон, насоченост и широчина на трагот на тркалата.

Вториот модел – Leon e-Racer е тркачки автомобил подготвен според стандардите на електричната тркачка серија ETCR. Тој е погонуван од батерија со 65 kWh која храни четири електрични мотори. Сите заедно испорачуваат комбинирана сила од 680 коњски сили и 960 Nm вртежен момент, a го лансираат автомобилот од 0-100 км/ч за 3.2 секунди. Максималната брзина на e-Racer изнесува 270 км/ч.

Каросеријата на електричните тркачки модели е проширена и аеродинамички обликувана за подобрена циркулација на воздухот во пределот на предниот браник и поклопецот на моторот, додека страничните крила се направени да овозможат поефикасно излегување на воздухот, а рамниот под придонесува кон подобра потисна сила.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.