Денес беше ден за дружење со сите финалисти кои се борат за едно од признанијата Златно Тркало – погледнете само дел од атмосферата!
Гласањето за првите награди Златно Тркало е веќе при крај, гласавте? Ако не сте, гласајте веднаш!
Денес се дружевме со финалистите од сите категории за првите Златно Тркало награди. Нашите домаќини од Пнеуматик се погрижија за локацијата и поминавме прекрасно неделно, сончево попладне со еден куп убави автомобили. Поддржувачи на овогодинешните награди се Пнеуматик, S-Leasing и Батери Еволушн.
Да не должиме многу – погледнете ја галеријата, и гласајте за вашиот фаворит во секоја од категориите!