Конечно, Македонија добива тркачка патека! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Конечно, Македонија добива тркачка патека!

На десеттина километри од Кавадарци ќе биде изградена Race Track Vitachevo! Изградбата ќе започне оваа пролет – и конечно Македонија ќе добие модерна тркачка патека!

На само десетина километри јужно од Кавадарци се наоѓа висорамнината Витачево, место на кое на пролет ќе биде започната градбата на „Race Track Vitachevo“ – првата тркачка патека во земјава. Се работи за проект кој долго се крчкаше но заради долгите административни процедури за добивање документација до сега не стана реалност. Конечно сè е подготвено и во моментов се избираат компании изведувачи за изградбата да започне.

Патеката ќе биде во должина од 2300 метри, со правец долг 650 метри и ширина од 12 до 15 метри. Проектот наскоро ќе биде јавно презентиран, а нашите колеги од Мотори.ком.мк зборуваа со Александар Кичев, човекот кој е најзаслужен за изградбата на Race Track Vitachevo.

Во разговорот со Мотори.ком.мк, Александар кажува дека инспирација е автодромот Тацио Нуволари од Италија – патека со слична големина на Race Track Vitachevo. Целта на патеката е дабиде техничка и да биде интересна како за искусните возачи, така и за почетниците.

Амбициите се патеката да биде готова веќе во текот на оваа година. Искрено го поздравуваме овој проект и оваа иницијатива, и среќни сме што конечно и ние ќе имаме центар за Track Day, за обуки за напредно возење и за вистинско уживање во нашите возила.

За повеќе информации, погледнете го интервјуто на Мотори.ком.мк.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.