full screen background image
Search

Колку се користат алтернативните горива за транспортот?

Според плановите на Европската Унија, уделот кој алтернативните горива го имаат во транспортот треба континуирано да расте.

За жал, ние не ги следиме трендовите за користење на обновливи извори на енергија во транспортот – ако во 2018 на ниво на ЕУ, дури 8% од горивата користени во транспортот беа од обновливи извори, кај нас таа бројка е само 0.117%. Интересно е што најмногу горива од обновливи извори сме искористиле во 2014, кога вкупно 0.197 проценти од горивата биле од обновливи извори. Една од приоритетни области на Европскиот Зелен Договор се алтернативните горива и забрзување на трансферот кон одржлива и паметна мобилност.

Транспортот – според извештајот на ЕК – учествува со една четвртина во целокупната емисија на стакленички гасови во ЕУ. За постигнување на климатска неутралност, според проценките е потребно намалување од 90 проценти на емисијата од транспортот до 2050 година. Тоа значи дека сите видови на транспорт – патничкиот, железничкиот, авионскиот и водениот – ќе треба да придонесат кон намалувањето.

Паралелно, според Европскиот зелен договор, ЕУ треба да го забрза производството и развојот на одржливи алтернативни горива. ЕК најавува дека ќе ги искористи сите можности за поттикнување на производство и користење на алтернативни горива за различни модели на транспорт, додека истовремено се направи доработка на директивата за инфраструктура на алтернативни горива за зголемување на користењето на возила со нулта и ниска емисија на гасови.

За остварување на оваа цел, ЕУ со директивата 2009/30/ЕЦ овозможува мешање на етанол во бензин до 10 проценти, како и Fatty acid methyl ester – ФАМЕ, односно биодизел во дизел горивата со содржина од 7 проценти. Следејќи ги европските стандарди и препораки, „Макпетрол“ во 2007 година изгради сопствена фабрика за производство на биодизел, исполнувајќи го при тоа техничкиот стандард на Европската Унија ЕN 14 214. Meшањето со фосилниот дизел се одвива во сопствени инсталации според стандардот EN 590. На пазарот за течни горива ова гориво „Макпетрол“ го пласира под името Биодизел Б6, што претставува бленд од 6% биодизел и 94% еуродизел. Контролата на квалитет на овие горива „Макпетрол“ го врши во сопствената меѓународно акредитирана лабораторија, согласно важечките стандарди за овие видови гориво.

Кои земји користат горива од обновливи извори?

Од земјите членки Шведска има најголем удел со 29,7 проценти, пред Финска со 14,1, Холандија со 9,6 и Австрија со 9,8 проценти. Најмал удел на обновливи извори на енергија во транспортот имаа Кипар со 2,7 проценти, додека ниски проценти под 4 отсто имаат и Хрватска, Грција и Естонија. Бугарија има удел од 8,06 проценти, додека Србија има 1,16 проценти енергија од обновливи извори во транспортот, а Црна Гора 0,86 проценти. Обновливи извори на енергија кои се користат во транспортот се течни биогорива, хидроген и биометан, како и електрична енергија добиена од сонце, вода и воздух за напојување на електрични возила.

Биогоривата се во голем дел компатибилни со конвенционалните возила и може да се користат во мешавина со актуелните фосилни горива. ЕУ во насока на декарбонизација и остварување на поставените цели со Директивата 2009/28/ЕЦ поставува таргет до 2020 година уделот на енергија од обновливи извори во транспортот да биде 10 процент.

Извор: Макпетрол Инфо Поинт



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.