ABT го засили новиот Audi RS6 Avant на 690 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ABT го засили новиот Audi RS6 Avant на 690 коњски сили

Германскиот тјунер претстави пакет за подобрување на перформансите на „балистички“ брзиот караван Audi RS6.

Во неговото стандардно издание 4.0-литарскиот твин-турбо V8 агрегат испорачува 600 кс и вртежен момент од 800 Nm кон сите четири тркала, а пакетот од ABT ги подигнува овие бројки на 690 кс и 880 Nm. Не се објавени детални информации за сите елементи кои ги опфаќа пакетот, но напоменато е дека главната надградба се однесува на компјутерската единица на моторот.

Благодарение на ова, Audi RS6 Avant може да постигне забрзување од 0-100 км/ч за само 3.3 секунди (0.3 секунди побрзо) на пат кон електронски ограничената максимална брзина од 250 км/ч. Како опција се нуди и отстранување на ограничувањето, по кое автомобилот може да достигне 305 км/ч.

Ова е сепак најосновниот од неколку пакети за засилување од ABT, па наскоро очекуваме и уште поголема промена на бројките.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.