full screen background image
Search

Започнуваат активностите околу прославата на 110-тиот роденден на Alfa Romeo!

На 24ти јуни оваа година, Alfa Romeo ќе наполни 110 години – и италијанскиот бренд подготвува многу активности, а првата работа која ја покажаа е специјалното, славеничко лого.

Alfa Romeo најавува неколку активности со кои во текот на годината ќе го прослави својот роденден. Го потврдија учеството на легендарното Mille Miglia рели, како и на Goodwood Фестивалот на Брзината. Секако, најавени се активности и за во Museo Storico Alfa Romeo, a во подготовка се и неколку специјални изданија со кои ќе се истакнат најважните моменти на Alfa Romeo во 20-тиот и 21-виот век.

Инаку, новото 110 Alfa Romeo лого е дело на Alfa Romeo Style Center и неговата намена е да се истакнат силните страни на брендот – уникатната можност на Alfa Romeo да ги соедини технолгијата, уживањето во возењето и убавината. Првите две единици се поставени во перспектива која ја претставува транзицијата од минатото кон иднината, а логото на Alfa Romeo е поставено во нулата. Од Alfa Romeo кажуваат дека со ова се добива лого кое е веднаш-препознатливо и кое ги отсликува сите автомобили на брендот.

Центарот на прославата ќе биде токму Museo Storico Alfa Romeo, каде на 24ти јуни ќе бидат пречекани фанови и Alfa Romeo клубови од сиот свет. Сите присутни ќе можат да учествуваат во прославите, а фановите ќе имаат можност повторно да ги видат и искусат некои од историските моменти на брендот.

Цела година ќе имаме причина за славење!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.