Ferrari продаде над 10,000 автомобили во една година за прв пат во историјата – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari продаде над 10,000 автомобили во една година за прв пат во историјата

Одличната продажба и оствари на компанијата нето приход од 3.766 милијарди евра, што е за 10 проценти повеќе од минатата година.

Ferrari ги објави финансиските резултати за 2019-та година, а според нив Италијанскиот производител успеал да испорача 10,131 автомобил во неа. Тоа е за 9.5 проценти повеќе од продадените примероци во 2019 и е најголема годишна продажба во историјата на производителот.

Најмногу продажби на автомобили биле остварени во Европа, Средниот Исток и Африка, во вкупна бројка од 4,895 испораки – зголемување од 16 проценти во споредба со 2018-та година. На Америчките континенти биле испорачани 2,900 автомобили, што е подолу за 3 проценти.

Најголемо зголемување на продажбата од дури 20 проценти било забележано во Кина, Хонг Конг и Тајван, каде се испорачани вкупно 836 примероци. Исто така зголемување од 15 проценти е забележано и во Азиско-Пацифичкиот регион, со продадени 1,500 возила.

Што се однесува до погонските единици, забележан е раст од 11.2 проценти на продажбата на модели погонувани од V8 агрегати, додека моделите опремени со V12 мотор биле за 4.6 проценти помалку барани.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.