full screen background image
Search

Пристигнаа темелно-освежените Mitsubishi ASX и Space Star

Во салонот на Мак Аутостар деновиве пристигнаа темелно освежените супер-популарни ASX и Space Star.

Ова е најзначајниот фејслифт на ASX досега – и навистина, на прв поглед делува како целосно нов модел. Главната заслуга за тоа ја има целосно новиот лик, кој влече инспирација директно од Eclipse Cross – па добиваме модернизирани предни светла, голема маска на ладилникот, како и LED дневни светла интегрирани во трепкачите. Секако, ги добиваме и очекуваните нови предни и задни браници, а задните светла имаат изменета графика.

Кај нас ќе се нуди 2-литарски MIVEC четири-цилиндерски мотор кој ќе се комбинира со 5-брзински мануелен или нов INVECS 3-III CVT менувач со 6-брзински Sport режим, а ќе може да се комбинира со погон на предните или сите четири тркала.

Секако, важно е и освежувањето на Space Star – а таму најевидентната промена се забележува токму на предниот дел – маската го добива новиот, корпоративен лик на Mitsubishi (кој се нарекува Dynamic Shield), како и редизајнирани предни светла. Задниот дел добива редизајниран браник, како и нови задни светла кои користат LED технологија за целосно да биде заокружена модернизацијата на екстериерот. Кабината добива нови, поквалитетни материјали со помодерен дизајн, а може да се добие и 7-инчен мултимедијален уред кој овозможува лесно поврзување со мобилен телефон.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.