full screen background image
Search

Škoda најавува плагин хибриден спортист – објавени официјални скици за Octavia RS iV!

Подгответе се за премиерата – новата Octavia RS iV ќе дебитира на 3-ти март, на саемот за автомобили во Женева.

Škoda објави три скици од екстериерот на новата Octavia RS iV – и тоа од двете верзии во кои ќе се нуди – лифтбек и караван. Octavia RS iV добива мускулест бодикит со големи отвори за воздух, голем преден сплитер, редизајниран заден браник со интегрирани завршетоци на издувниот систем, како и големи тркала, спојлери и уште мал милион други спортски детали.

Според најавеното, Octavia RS iV ќе има 245 коњски сили благодарение на 1.4-литарски TSI турбо-бензинец, како и електромотор и батерија со капацитет од 13 KWh – а сето ова значи дека плаг-ин хибридниот спортист ќе може да помине до 55 километри на електрична енергија. Од Škoda кажуваат дека плагин хибридниот погон е уникатен „поради начинот на кој комбинира семејна практичност и спортски перформанси со одржливост и ефикасност.“

Како што напоменавме, премиерата е закажана за 3ти март.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.