Renault продаде 62.447 електрични возила во 2019 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault продаде 62.447 електрични возила во 2019

Минатата година беше одлична за електричните возила на Renault – францускиот производител се пофали дека продал над 62.000 од своите електрични автомобили.

Ширум светот, минатата година Renault продаде 62.447 електрични автомобили. Во убедливо водство е градскиот супермини Zoe со 48.269 примероци, додека на второто место е Kangoo Z.E со 10.349 примероци. Во Кина е популарен City K-ZE и е продаден во 2.658 примероци, a успешен е и Master Z.E. со 296 примероци.

Интересен е и резултатот на Renault SM3 Z.E. (во суштина, Renault Fluence во електрична изведба) кој се продава само во Јужна Кореја и кој е продаден во 875 примероци. Во бројката на продадени електрични возила не влегува Twizy, кој во зависност од пазарот на кој се продава се смета за четирицкл.

Renault веќе ја најави забрзаната хибридизација на својата гама – неодамна ги претстави хибридниот Clio E-Tech и плаг-ин хибридниот Captur E-Tech, минатата година го претставија новиот Zoe, а за оваа година е најавен електричен Twingo Z.E.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.