full screen background image
Search

РЕГУЛАТОРНА: Цените на бензините не се менуваат, дизелот поевтинува денар и половина

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите цени на горивата.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.32%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат непроменети, и еден литар 95-октански бензин и понатаму ќе чини 68.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 70.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за денар и половина, и еден литар дизел ќе чини 61.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.