Renault ги претстави хибридните Clio и Captur E-Tech – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault ги претстави хибридните Clio и Captur E-Tech

Обата нови автомобили ја носат ознаката E-Tech, но Clio добива конвенционален хибриден систем, додека Captur добива плаг-ин хибриден систем со автономија од околу 50 километри на електрична енергија.

Renault Captur E-Tech плаг-ин хибридот ќе може да помине до 50 километри во комбинирани услови, односно до 65 километри во градски услови, и тоа при брзини до 135 километри на час. Тоа го постигнува благодарение на батерија со капацитет од 9.8 kWh која соработува со два електромотори, како и нов 1.6-литарски бензинец. Едниот електромотор е стартер-генератор, додека другиот мотор е „моќен е-мотор“ за кој Renault не ја објавува моќноста.

Според официјалните податоци, Captur E-Tech ќе троши само 1.5 литри бензин на 100 изминати километри и ќе има емисија на штетни гасови од само 34 грама CO2 на изминат километар. Вкупната, системска моќност е 160 коњски сили.

Renault Clio E-Tech добива сличен систем, но во конвенционална форма. Батеријата е со значително помал капацитет – 1.2 kWh – но според Renault, до 80% од градското возење може да биде во 100% електричен режим, благодарение на регенеаративното сопирање. Според најавеното, потрошувачката на бензин би требало да е до 40% пониска во однос на конвенционалниот мотор, а емисијата на штетни гасови ќе биде пониска од 100 грама CO2 на изминат километар. Системската моќност на Clio E-Tech е 140 коњски сили.

Инаку, Renault планира да ја прошири својата понуда на плаг-ин хибриди. Наскоро ќе биде претставен и Megane E-Tech плаг-ин хибридот, а до 2022 ќе бидат понудени осум целосно-електрични модели и 12 хибридни и плаг-ин хибридни модели.

Поврзано:   Новитети во салонот на Renault - пристигнаа Megane RS Ultime и новиот Espace


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.