ПРЕМИЕРА: Opel ја освежи и спортската Insignia GSi! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Opel ја освежи и спортската Insignia GSi!

Заедно со освежената Insignia GSi, Opel ги објави и деталите за новите мотори кои ќе се вградуваат во големиот германски седан.

По освежувањето на „цивилната“ Insignia, Opel ја претстави и освежената спортска варијанта – Insignia GSi. Визуелните измени се дискретни – но доволни за да го направат големиот караван уште поинтересен. Препознаваме редизајнирана предна маска и нови IntelliLux LED Pixel светла со вкупно 168 LED елементи (минатата генерација имаше „само“ 32). Браникот е поспортски со поголеми отвори за воздух, а околу целиот автомобил ќе забележите уште неколку ситни детали.

Сепак, уште поважен е новиот 2-литарски турбо-бензинец кој сега е поврзан со нов, 9-брзински автоматски менувач. Insignia GSi добива и нов електро-хидрауличен систем за сопирање, FlexRide адаптивна суспензија како и Twinster погон на сите четири тркала и Brembo сопирачки. Бензинецот испорачува 230 коњски сили и 350 Nm вртежен момент. Кабината добива специјални GSi спортски кожни седишта, алуминиумски педали и уште неколку ситни спортски детали. Освежени се и инструментите, како и мултимедијалниот уред.

Истовремено, Opel ги претстави и новите мотори кои ќе се вградуваат во Insignia. Како основа се користат 1.4-литарскиот турбо-бензинец со 145 коњски сили, односно 1.5-литарскиот турбодизел со 122 коњски сили. Овие мотори имаат по три цилиндри и се до 50 килограми полесни во однос на своите претходници – и истите мотори се користат и во новата Astra.

Над нив е 2-литарскиот турбодизел (кој ќе пристигне на пазарот во текот на оваа година, и за кој сега за сега немаме повеќе технички детали, но очекуваме дека е одличниот 2-литарски турбодизел кој е дел од гамата на PSA), како и 2-литарскиот турбо-бензинец кој испорачува 200 коњски сили, односно 230 во Insignia GSi. Интересен детал кој вреди да се напомене е дека 2-литарскиот бензинец е прв мотор на Opel со систем за деактивација на цилиндри.

Поврзано:   Opel најавува важен новитет - Frontera се враќа!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.