Новогодишно дефиле на Буба Клуб Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новогодишно дефиле на Буба Клуб Македонија!

Членовите на Буба Клуб Македонија и нивните пријатели вчеравечер дефилираа низ Скопје и завршија на градскиот плоштад, каде нашите сограѓани им се израдуваа на накитените автомобили!

Накитените Буби беа вистински хит – нашите сограѓани кои „се погодија“ на градскиот плоштад вистински се израдуваа – и веднаш почнаа да се сликаат со нив. Накитените и осветлени Буби прво дефилираа низ нашиот главен град, а на самиот крај завршија на градскиот плоштад каде одлично се вклопија во пред-новогодишната атмосфера.

Навистина нема потреба повеќе да зборуваме – само ќе им посакаме Среќна Нова Година на нашите пријатели од Буба Клуб Македонија, и ќе им посакаме уште повеќе дружење во следната година! Дечки, браво!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.